Вести Свет

Венецуела го зголемува бројот на летови за Русија

Венецуела ќе го зголеми бројот на летови на својата државна авиокомпанија до Москва, додека многу земји го затвораат воздушниот простор за руските авиони по инвазијата на Украина, изјави  венецуелскиот министер за туризам.

„Венецуела е подготвена да продолжи да прима руски туристи“, рече министерот Али Падрон на Твитер по телефонската седница со шефицата на руската Федерална агенција за туризам, Зарина Догузова.

Двете страни се согласија да „гарантираат континуитет на летовите (меѓу Русија и Венецуела) на венецуелската авиокомпанија Конвиас“, рече истиот извор.

Бројот на руски туристи во Венецуела нагло скокна во мај 2021 година, кога Венецуела и Русија, големите сојузници, воведоа директна врска меѓу Москва и Каракас, а три месеци подоцна лет до островот Маргарита на исток, со исклучително убава природа и плажи.

Од почетокот на воената операција во Украина пред девет дена, Западот воведе низа санкции кон Русија, вклучително и затворање на воздушниот простор на неколку земји за руските авиони.

Москва е важен сојузник на Венецуела уште од времето на покојниот претседател Уго Чавез (1999-2013).

Пријателските врски продолжија и за време на мандатот на претседателот Николас Мадуро, кој го поддржуваше рускиот претседател, нарекувајќи ги санкциите „злосторство“ и „лудост“, додека сè уште се залагаше за продолжување на мировните преговори со Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе