Вести Свет

Американски сенатор: Некој во Русија треба да го убие Путин

Американскиот сенатор Линдзи Греам повика „некој во Русија“ да го убие претседателот Владимир Путин, што тој би го направил, како што рече, „огромна услуга“ на Русија и на остатокот од светот.

Некој во Русија треба да го направи тоа „и да се ослободи од тој човек“, рече сенаторот во една телевизиска емисија.

Тој потоа објави серија твитови каде нагласи дека „единствените кои можат да го направат тоа се Русите“.

„Дали има Брут во Русија?“, праша Греам, мислејќи на зборовите на Јулиј Цезар.

Тој, исто така, праша дали има „полковник Штауфенберг, но поефикасен“ во руската армија, овојпат мислејќи на германскиот офицер Клаус фон Штауфенберг, организаторот на неуспешниот атентат на Адолф Хитлер во 1944 година.

„Тие би и направиле огромна услуга на својата земја. и остатокот од светот“.

Линдзи Греам, некогаш близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, претстави резолуција во Сенатот со која се осудува рускиот претседател и неговите воени команданти, обвинувајќи ги за „воени злосторства“ и „злосторства против човештвото“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе