Украинската армија објави дека ги блокирала обидите на руските воени единици кои се обидуваат да заземат град во близина на Киев.
Во соопштението на украинскиот Генералштаб беше објавено дека руските воени единици продолжиле со воздушните и копнените напади.
Во соопштението е наведено дека руските војници продолжиле да ги оштетуваат воените и цивилните аеродроми, командните центри, објектите на системот за противвоздушна одбрана, важните инфраструктурни објекти и населени места за време на нападот, како и дека руските војници се обиделе да направат понтонски премин преку реката Ирпин во Полисија, лоцирана на страната на Киев.
Истакнувајќи дека обидот на Русите да го заземат градот Ирпин не успеа, во соопштението се вели: „Украинските одбранбени сили ја уништија новата опрема на непријателот. Во сите правци, тенковските и механизираните единици на вооружените сили на Украина држат одбрана на одредени линии со артилериска поддршка. Украинските воздухопловни сили одбиваат непријателски воздушни напади. Групи одбранбени трупи распоредија цврст и повеќеслоен одбранбен систем во Киев“, се вели во соопштението.
Дополнително, во соопштението се наведува дека е спроведена систематска борба против руски диверзантски групи од 3-15 лица облечени во украински униформи.
Градот Ирпин, кој се наоѓа во близина на воената база Гостомел, е приближно 25 километри од центарот на главниот град Киев.