Вести Македонија

МНР ги повика македонските граѓани да се вратат и да не патуваат во Русија

„Со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија, за затварање на Европскиот воздушен простор за Руските авиопревозници, апелираме нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сеуште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја. Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија“ – соопшти Министерството за надворешни работи.

Од МНР ги повикаа граѓаните да не патуваат во Русија.

„Ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата. Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојба“ – се вели во соопштението на македонското МНР.

За поддршка на државјаните на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, стојат на располагање следните телефонски броеви на Амбасадата:

+ 74 99 124 33 57 (фиксен)
+ 79 58 643 34 63 (мобилен)
е-mail: [email protected]
[email protected]

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]
Воедно ги известуваме сите нашите граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од нашата држава, да ги следат и да се информираат само од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Русија и навремено ќе информира за евентуални дополнителни насоки за постапување на нашите државјани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе