Вести Свет Топ вести

ЕУ ја договара воена помош за Украина – Русија со став дека тоа е нов дестабилизирачки фактор

Европските министри за одбрана на онлајн состанок денеска ја разгледуваат актуелната безбедносна ситуација во Украина, но и начинот како најдобро да се организира помошта во оружје за државата нападната од Русија, која вчера одлучи да ја додели Европската Унија.

Според високиот европски претставник, Јосеп Борел, координацијата меѓу земјите членки ќе даде одговор како најдобро да се дистрибуира воената помош за Украина.

Жестока осуда за европската воена помош за Украина пристигна од Москва, според која тоа е опасен и дестабилизирачки фактор за оваа држава.

„Знаете дека оваа половина милијарда евра ќе бидат посветени за купување одбранбени оружја, но со голем калибар, анти-тенковски оружја и секој вид опрема со која може да се одврати агресијата и земјите членки треба да го обезбедат тоа оружје. Мора да координираме што точно ќе се прави и што може дополнително да се прави со тие ресурси“ – вели Јосеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.

 

„Пратките на оружје и муниција за Украина, според нас, може и ќе бидат многу опасен и дестабилизирачки фактор кој во секој случај нема да придонесе за мирот и враќање на редот во Украина а на долг рок може да има и поопасни последици“ – предупреди портпаролот на Русија, Владимир Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе