Вести Ковид19 Македонија

Во Дојран нема веќе активни Ковид случаи, последниот ден 378 новозаболени и 7 починати (бројот на вкупно починати помина над 9.000)

Во последните 24 часа направени се 2.560 тестови, а регистрирани се 378 нови случаи на КОВИД-19: Скопје –178, Куманово – 25, Битола – 23, Велес -21, Прилеп – 20, Кавадарци- 19, Тетово – 14, Штип и Кичево –по 9, Охрид и Ресен – по 8, Гостивар – 7,   Гевгелија –  6, Неготино, Богданци и Струга – по 5, Свети Николе – 4, Струмица, Крива Паланка и Дебар – по 3, Кочани – 2, Делчево – 1, извести МЗ.

Процентот позитивни од тестирани изнесува 14,76%. Од вкупниот број на позитивни (378), регистрирани се 58 реинфекции. Процентот на реинфекции во новозаболените е 15,34%.

Регистрирани сe 432 оздравени пациенти од: Скопје – 261, Битола – 28, Кавадарци – 24, Куманово – 18, Охрид – 16, Велес – 15, Прилеп – 12, Тетово – 8, Неготино и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Ресен, Гевгелија, Струга и Струмица – по 4, Кичево и Радовиш  – по 3, Крива Паланка – 2, Штип, Богданци, Свети Николе, Дебар, Берово, Кратово, Крушево,  Македонски Брод и Дојран – по 1.

Со овој биланс, во Дојран како излекуван е заведен и последниот позитивен пациент на корона, со што од денеска во овој град нема активни случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (70г, 70г, 71г и 77г) и по едно починато лице од Битола (82г), Кратово (63г) и Охрид (90г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (7), кај 7 лица се регистрирани коморбидитети. Смртниот биланс на короната во Македонија со денеска заведените жртви се искачи на 9.001.

Направени се 2.560 тестови преку: ИЈЗ-203, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово-1,ЦЈЗ Куманово-69,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0,Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–144,Жан Митрев (Филип Втори)-79,Авицена-63, Биотек-83, Систина-50, лабораторија Лаор- 136,Синлаб-4, Ремедика-0, Плодност-33, Генеа- 7,Никоб Лаб-204, ВФВ Медикал- 39,Ели Медика- 20, Ројал Медика–11, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–9,ЖанМитрев Струмица–12,Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.175.

Досега во земјата се направени вкупно 1.889.266 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД – дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.081,бројот на оздравени пациенти е 283.908, на починати е 9.001, а бројот на активни случаи изнесува 4.172.

Пет семејства заглавени во Киев, Македонци има во Харков- МНР ги повикува да се упатат кон конзулати на Романија и Унгарија на запад на Украина

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има повеќе од половина активни случаи, додека дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 138130, Активни 2216

Куманово 16125, Активни 172

Битола 14262, Активни 237

Прилеп 13581, Активни 181

Тетово 13359, Активни 121

Кавадарци 10123, Активни 173

Велес 9425, Активни 199

Гостивар 9357, Активни 60

Охрид 8528, Активни 103

Струмица 7901, Активни 79

Штип 7884, Активни 57

Кичево 5417, Активни 95

Кочани 4950, Активни 31

Струга 4655, Активни 50

Гевгелија 4220, Активни 71

Неготино 3618, Активни 50

Свети Николе 2598, Активни 18

Ресен 2590, Активни 46

Радовиш 2469, Активни 38

Крива Паланка 2373, Активни 34

Делчево 1892, Активни 15

Берово 1709, Активни 5

Дебар 1628, Активни 30

Валандово 1467, Активни 14

Виница 1360, Активни 2

Пробиштип 1279, Активни 5

Богданци 998, Активни 18

Кратово 927, Активни 6

Крушево 884, Активни 10

Демир Хисар 820, Активни 12

Македонски Брод 692, Активни 9

Демир Капија 561, Активни 11

Македонска Каменица 520, Активни 2

Пехчево 459, Активни 2

Дојран 320, Активни 0

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе