Руските сили почнаа да напредуваат во Украина, откако претседателот Владимир Путин воведе прекин во офанзивата еден ден претходно, очекувајќи разговори со Киев кои не се одржаа, објави Кремљ.
Русија ја обвини Украина дека е одговорна што не дошло до преговари, бидејќи ги одбила. Вчера, очекувајќи преговори, рускиот претседател нареди да се запре напредокот на повеќето руски сили“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Бидејќи украинската страна ги одби преговорите, напредувањето на руските сили продолжи денеска“, додаде тој.
ПОВЕЌЕ: ФОТО: Три бебиња родени во скривниците за време на борбите во Украина
Претходоно, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова во интервју за кинеската телевизија, рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но официјален киев треба да го усогласи својот став и да не ја менува својата позиција.