Вести Свет Топ вести

Над 100.000 бегалци од Украина влегоа во Полска

Реките бегалци особено од подрачјата каде се водат жестоки борби бегаат кон соседните земји, а во Полска за два дена влегле околу 120 илјади украинци, соопштија полските власти. Таму ги чекаат и роднини кои со години се во Полска.

  • Одевме 25 километри. Ноќе. Но стигнавме конечно.
  • Моите родители се уште се во Лвов. Мислам на нив, се грижиме за нив. И за нашите пријатели таму. Се надеваме на најдобро, се бориме најдобро што можеме и се надевам дека Украина ќе победи.
  • Ги чекам внуците и снаата.Знам дека немаат храна, ниту топол чај, децата се смрзнуваат среде поле.Изморени се, така ми пишаа порака.Интернетот не работи, а слушнавме дека на украинската граница е многу лошо и луѓето се тепаат и расправаат за да поминат побрзо, а често ги фаќа и паника. 

На границата со Полска, колоните се долги и по 15 километри, а големи прилив на бегалци има и во Романија.

  • Дојдовме со автобус, а потоа пешачевме 5 километри до границата. Потоа ја извршивме процедурата и бевме пуштени на преминот и влеговме во Романија.

По неколку десетици илјади бегалци се прифатени и во Словачка и во Унгарија.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: За излегување од Влада ќе одлучуваат партиските органи

Дејан Дејан

Мојсоска Блажески: Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам

Дејан Дејан

Го гледаат како средство за коцкање – Талибанците забранија играње шах

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе