Вести Свет Топ вести

„Руски воен брод, оди е*и се!“ беше одговорот на 13 украински граничари кои бранеа мал остров во Црното Море

ИСПРАВКА: Украинските војници од Змискиот остров се живи

Бранители на мал украински остров во Црното Море можеби се живи, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на официјални владини органи.

Вчера беше објавено дека војниците можеби се живи. Денеска, јавуваат украинските новинари, тоа е потврдено. Војниците во моментов се руски затвореници.

И претседателот Зеленски во петокот објави дека сите војници биле убиени откако руските сили окупирале мал остров. „Прелиминарните информации дека граничарите се мртви пристигнаа пред да изгубиме контакт со нив“, се вели во соопштението.

Рускиот генерал-мајор Игор Конашенков изјави во петокот дека 82 украински војници „го оставиле оружјето и доброволно се предале на единицата на руските вооружени сили“. Во соопштението на СБГСУ се додава дека „руските медиуми објавија дека украинските војници на островот биле испратени во Севастопол на Крим“.

Претходно беше потврдено дека 13 украински граничари одбиле да се предадат и сите загинале бранејќи го малиот остров во Црното море.

Две руски воени пловила му се приближиле на островот вчера, откако рускиот претседател Владимир Путин взори го објави почетокот на инвазијата на Украина.

„Ви предлагаме веднаш да го оставите оружјето за да избегнеме крвопролевање и непотребни жртви. Во најлош случај ќе бидете бомбардирани. Повторувам …“, ги повикале од рускиот брод.

„Ви предлагам да го спуштите оружјето и да се предадете, инаку ќе отворам оган, дали разбирате, ги прашува капетанот на рускиот воен брод.

Од другата страна одговорот на украинските граничари е „Руски воен брод, оди е*и се!“

 

Аудиоснимката прво беше објавена од „Украинска правда“ а нејзината автентичност ја потврди и украинското Mинистерство за одбрана.

 

Претседателот Зеленски 13-те граничари ги нарече херои, и порача дека постхумно ќе бидат постхумно одликувани.

„На нашиот остров Змија, бранејќи го до последно, сите граничари херојски загинаа. Но не се предадоа, изјави Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе