Русите со тешка воена опрема влегоа во Киев, а украинските сили го повикаа целото население да се вклучи во одбраната независно од возраста. „Денес на Украина и треба сè. Приклучете се сите. Понесете само пасош и матичен број. Нема ограничувања за возраста,“ ова е соопштението од украинската воена команда.
Во близина на административниот центар на Киев се водат оружени престрелки.
На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како руски тенк удри директно во цивилен автомобил кој вози по патот во киевскиот кварт Оболон, на девет километри од центарот на градот. По што цивили се обидуваат му го извчелат возачот од автомобилот.
Украинската војска соопшти дека руските сили заплениле две украински воени возила, а група руски шпиони и саботери се упатиле кон Киев со цел да се инфилтрираат маскирани како локални жители. Украинските и американските официјални лица изјавија дека руските сили напаѓаат од јужниот регион на Крим, кој Русија го анектираа во 2014 година, како и од Белорусија на север.
Разорниот звук на сирените повторно ги разбуди граѓаните на главниот украински град кои ноќта ја минаа во скривниците и засолништата. Во текот на ноќта се слушнаа неколку експлозии од ракетни напади. Најмалку една станбена зграда во главниот град е тешко оштетена – извештаите велат дека три лица се повредени, за среќа нема загинати.
-Имаше врева, нешто леташе над нас. Дојдов до прозорецот, но ништо не видов. По експлозијата, бев во таква среќна положба – можев да видам како прозорци паѓаат од двете страни. За среќа никој не настрада, рече Анатолиј Јефименко, жител на Киев.
Улиците во Киев изгледаат морничаво пусти откако Русија вчера ја започна својата инвазија на истокот на земјата Украина по изврши воздушни напади врз градови и воени бази, испрати војници и тенкови од три страни до предградието на Киев. Украинските извори јавуваат во еднодневните борби загинаа повеќе од 100 Украинци.
Следејќи ги стрелките кон засолништата останати низ градот уште од конфликтот од 2014 година ноќта ја минаа потпрени на торбите и кебињата, а во прегратки ги држеа своите деца. Похрабрите ги празнеа полиците од маркетите, се чекаа редици да се извадат пари од банкоматите.
-Имав порака од моите пријатели, ме разбудија со телефонски повик, ме информираа дека има првите знаци за воени дејствија против Украина. И така, имавме последен итен план да се сретнеме на железничката станица и да видиме каде може да нè земе, не бевме организирани сериозно. И кога излегов од мојот дом одејќи кон железничката станица, прво слушнав можеби суперсонична ракета или граната како ми прелета над главата. Тоа беше непогрешлив силен звук на нешто што само брзаше, а потоа беше проследено со огромна експлозија некаде во центарот на градот или на периферијата на градот (Киев), вели Андри Борисов, бегалец од Киев.
-Тоа е вознемирувачко, пред сè, затоа што во целиот мој живот не сум ја видел војната толку блиску до нас, до Полска, до Пземисл. Значи, тоа е прилично застрашувачко, изјави Максим Накочин, жител на Пшемишл.
Бранот бегалци почна уште вчера. Првите Украинци пристигнаа во Полска, каде се отворени осум центри за прием на бегалци во два региони што се граничат со Украина. Бегалците на овие места ќе добијат храна, медицинска помош и информации. И на молдавската граница чекаа автомобили од Украина. Молдавија, која потврди дека е подготвена да прими десетици илјади бегалци. Хрватска се понуди исто така дека ќе прими бегалц, исто како и Романија, Финска, Чешка и Германија. Агенцијата за бегалци при ОН соопшти дека ситуацијата во Украина забрзано се влошува и ги повика соседните земји да ги отворат границите.
Билјана Ставрова