Вести Македонија

Пендаровски на вонреден виртуелен самит на НАТО за Украина

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе учествува на вонредниот виртуелен Самит на НАТО, на ниво на шефови на држави и влади.

На Самитот ќе се разговара за безбедносната ситуација во и околу Украина.  Се очекува лидерите на земјите членки на НАТО уште еднаш остро да го осудат рускиот напад на Украина и нарушувањето на нејзиниот територијалниот суверенитет и интегретит, и да донесат конкретни одлуки за понатамошното дејствување на Алијансата.

Со состанокот ќе претседава генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој по средбата ќе одржи прес-конференција од седиштето на Алијансата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе