Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, објави снимка на социјалните мрежи, на која тој е снимен со своите најблиски соработници, по бројните шпекулации објавени во најголем дел на руските социјални мрежи, дека побегнал и ја напуштил Украина.
„Лидерот на парламентарната фракција е тука, шефот на мојот кабинет е тука, премиерот Шмихал е тука, советникот Подољак е тука, Претседателот е тука. Сите ние сме тука. Нашите војници се тука, граѓаните се тука, сите ние сме тука. Ќе ја браниме нашата независност, нашата држава, така ќе биде и понатака. Слава на нашите бранители! Слава на нашите херои! Слава на Украина“ – изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.