Вести Свет

Во источна Украина, бебињата со интензивна нега префрлени во засолниште

Русија ја нападна Украина. Во Киев одекнуваат експлозии од 4:30 часот по локално време. Советник на украинската влада вели дека руски авион бил соборен и дека биле спречени неколку ракетни напади.

Дел од населението на Киев се крие од воздушни напади во засолништа, метро станици и подруми на згради.

Новороденчињата од Одделот за педијатриска интензивна нега во Детската болница во градот Дњепропетровск во источна Украина се префрлени во импровизирано ракетно засолниште во подрумот на зградата.

„Ова е одделение за неонатална интензивна нега. Во ракетното засолниште. Можете ли да го замислите тоа? – рече д-р Денис Сурков. Ние сме многу нервозни и загрижени“, вели раководителот на одделението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе