Вести Најважни Свет

ВИДЕО: Руски оклопни возила во Киев

Руски сили влегоа во главниот град на Украина. Според украинските власти, Русите влегле во областа Оболон. Во моментов таму се водат борби.

Украинското Министерство за одбрана ги повика граѓаните да останат во своите домови и да подготвуваат молотови коктели. Населбата во која се водат борбите е на девет километри од центарот на Киев. Украинската армија претходно објави дека борбите против колоните руски оклопни возила се водат во Димер и Иванкив, предградијата на Киев.

На социјалните мрежи се појавија снимки од руски оклопни возила на улиците на Киев. Според Би-Би-Си, ова е областа Оболон.

Видеото е снимено од локални жители.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе