Вести Македонија

Џафери: Треба да се почитува суверенитетот на Украина, последиците ќе се одразат и на економски план

Колку и да ни се чини географски далеку, Украина не е далеку и последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен аспект, туку и од економски, и ќе се одразат врз регионот и пошироко во меѓународен контекст, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.

Посочи дека ставот што неговата матична партија ДУИ го имала за време на кризата во Украина во 2014 година е непроменет и актуелен и денес.

-Ставот на Собранието и на државата е дека Украина има свој територијален  суверенитет и треба да се почитува од сите. Иако воените дејствија ескалираат, приоритет треба да има дијалогот, преговорите и разговорите, сѐ додека се исцрпат сите инстанции. На Украина ѝ припаѓа правото да може да има право на соодветен одговор како и секоја суверена земја, изјави Џафери на прес-конференција прашан за коментар за воените дејствија од Русија врз Украина.

Додаде дека нема разлики меѓу ставот на Република Северна Македонија и западниот свет – ЕУ, САД, и сите сили кои, како што рече, мислат дека е несоодветен начинот на кој е постапено во Украина.

-Советот за безбедност на ОН имаше свој став, меѓународната заедница треба да ги спроведе истите ставови. Ситуацијата е таква каква што е, ние не можеме да седиме со скрстени раце и да чекаме. Ова е прашање посебно за економските импликации и соодветните институции треба да преземат соодветни и превентивни мерки за да се надминат можни негативни економски влијанија, рече претседателот Парламентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе