Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа во Чернобил, изјави советник од украинскиот претседателски кабинет.
„По жестока битка ја изгубивме контролата врз Чернобил“, нагласи советникот Микаил Подолиак.
Видео кое се споделува на социјалните мрежи покажува руски тенкови во комплекост на поранешната нуклеарна централа.
Чернобыль pic.twitter.com/QAC3CrJPj2
— M:ara (@gt_lozt) February 24, 2022
„Ова е една од најсериозните закани во Европа денес“.
„Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат АЕЦ Чернобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Тоа го објави денеска украинскиот претседател Володомир Зеленски на Твитер, нагласувајќи дека таква порака му пратил на шведскиот премиер.
„Ова е објава на војна против цела Европа“, наведе Зеленски.