Вести Свет

Мишел ја повика Белорусија да не учествува во инвазијата на Украина

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја повика Белорусија да не учествува во рускиот воен напад врз Украина.

Имате избор да не ги следите руските деструктивни чекори, имате избор да не учествувате во оваа непотребна трагедија против вашиот сосед Украина, порача Мишел од седиштето на НАТО во Брисел.

Белорусија, најблискиот сојузник на Русија во Европа, дозволи преку нејзината територија десетици илјади руски војници да навлезат во Украина, обвини претходно Киев.

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека бил информиран од Путин за руската операција во Украина, но тврди дека белоруската армија не учествува во таа операција.

Во меѓувреме, европските лидери се подготвуваат да одржат вонреден самит на кој ќе дискутираат за воведување нови санкции против Москва поради нејзината инвазија на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинение против екс-директорот на затворот Шуто Оризари

Дејан Дејан

Силјановска – Давкова: амандманите излобиран од бугарски европратеници се показател дека ЕУ има сериозен проблем со демократијата

Дејан Дејан

Европратениците дебатираат за извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе