Вести Свет

Вучиќ разговараше со западните амбасадори, ќе се огласи во следните 36 часа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска разговараше со амбасадорите на земјите од Квинта и шефот на делегацијата на Европската унија во Србија „за бројни прашања“, а сите информации за позициите искажани од партиите ќе бидат објавени во наредните 36 часа.

Ова се наведува во кусото соопштение на прес-службата на претседателот на Србија по средбата со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и ЕУ, која се одржа неколку часа по почетокот на рускиот напад на Украина.

Вучиќ синоќа изјави дека „ќе излезе со целосен одговор на украинската криза во следните 48 часа“.

Нашите позиции целосно ќе се засноваат на почитување на меѓународното јавно право, тие ќе бидат апсолутно принципиелни и нема да се разликуваат во однос на она што го мислевме и зборувавме во 2000, 2015 и денес, изјави синоќа Вучиќ.

Претставниците на ЕУ и САД изјавија дека очекуваат Белград да го усогласи својот одговор на признавањето на Русија на двата отцепени региони во источна Украина со Западот, вклучително и во однос на санкциите.

Вучиќ во 13 часот закажа седница на Советот за национална безбедност, а во 15 часот треба да се одржи владина седница на која е поканет и тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност, предлага УНЕСКО

Дејан Дејан

Силјановска – Давкова: амандманите излобиран од бугарски европратеници се показател дека ЕУ има сериозен проблем со демократијата

Дејан Дејан

Европратениците дебатираат за извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе