Политичарите во Велика Британија сакаат акција против Роман Абрамович, сопственикот на фудбалскиот клуб Челси поради нападот на Русија врз Украина. Тие бараат да му се одземе клубот поради неговите врски со руската власт, посебно со претседателот Владимир Путин.
Крис Брајант од лабуристичката партија, смета дека Абрамович повеќе не смее да поседува фудбалски клуб во Англија. Тој исто така верува дека на рускиот милијардер треба да му бидат замрзнати сите средства и имоти во земјата.
Абрамович го поседува Челси од 2003 година и од просечен англиски клуб го направи шампион на Англија дури пет пати, клубот два пати ја освои Лигата на шампиони, исто така два пати и Лигата на Европа, а пред неколку недели стигна и до пехарот на Светското клупско првенство.