Вести Свет

Украинците бегаат во Полска, некои оставаат домашни миленици: „Чувствувам само страв“

Украинците, кои бегаат од руската инвазија, пристигнуваат во Полска заедно со деца и со куфери. Вообичаено мирниот граничен премин Медику, сега го преминаа неколку десетици граѓани.

Полски официјални лица изјавија дека засега нема поголем бегалски бран, но според локалните медиуми, како и очевидци, расте бројот на лица кои стигнуваат пеш.

Триесет и четиригодишниот Александар Бажанов побегнал од својот дом во источна Украина, заедно со сопругата и со малото дете. Со себе понеле само тоа што можеле да го носат, па пешачеле кон Полска.

Тој одлучил да тргне за Полска кога од колеги дознал дека војната почнала.

– Не чувствувам ништо друго, освен голем страв, појасни Бажанов на граничниот премин, околу 400 километри од Варшава.

Тој сака да го посети својот татко во Шпанија, но нема пари и не знае како ќе го направи замисленото.

Руските сили денеска почнаа инвазија врз Украина, откако претседателот Владимир Путин го одобри тоа. Тој го нарече посебна воена операција на источниот дел од земјата.

Средноевропските земји, што ја делат границата со Украина, веќе со недели се припремаа за очекуваниот бегалски бран.

Граничниот премин Медика, најчесто се користи за прекугранично пазарање или за одење на работа.

– Сите мислеа дека западна Украина е сигурна, бидејќи е многу блиску до земји во ЕУ и НАТО, изјави 44-годишната Марија Палис, која пристигна со своето, како и семејството на нејзиниот брат.

Путин изјави дека ја одобрил воената операција, бидејќи смета дека Русија нема избор, туку да се брани од заканата од модерната Украина, демократска држава со 44 милиони жители, јавија медиумите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе