Вести Македонија

Ковачевски-Задорожњук: Руската агресија врз Украина е закана за мирот во Европа и светот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја прими амбасадорката на Република Украина Наталија Задорожњук.

Амбасадорката Задорожњук на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Украина за јасната и решителна позиција и поддршка на Владата на Македонија за нејзината земја, и како особено значајно го оцени приклучувањето на Северна Македонија кон санкциите на ЕУ кон Русија, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Димитар Ковачевски во разговорот истакна дека Македонија го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина, и нагласи дека постапката на Руската Федерација со директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е флагрантно кршење на меѓународното право.

Ковачевски потенцираше дека Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признаените граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, ја оценува агресијата врз Украина како закана за мирот во Европа и светот, се вели во соопштението од прес-службата на Владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе