Вести Македонија Топ вести

Неизвесен избор на четворица уставни судии

Ништо ново околу Комисијата за избори и именувања. Спикерот Талат Џафери ниту закажа седница ниту одговори на барањето од мнозинството членови. Седумте члена побараа веднаш да се заседава и да се утврди предлог за избор на четворица уставни судии. Власта бара прво да се испочитува договорот за составот на комисиите, според кој, таа треба да има одлучувачко мнозинство.

Во Собранието, продолжува неизвесноста со изборот на четворица уставни судии. Очекуваната седница на Комисијата за избори и именувања ја нема во планот на собраниските активности.

Спикерот Талат Џафери трет ден молчи како ќе постапи по барањето на седум члена на Комисијата за итно закажување седница и утврдување предлог за нови судии. Новото мнозинство во комисијата го сочинуваат опозициски пратеници: петмина од ВМРО ДПМНЕ, еден од Алијанса, а по локалните избори им се придружи пратеник од БЕСА.

Поттикнати од нефункционирањето на Комисијата, побараа Џафери да го искористи деловничкото право и да закаже седница. Парламентарното мнозинство не отстапува од барањето да се запази договорената политичка рамнотежа во комисиите, што значи – мнозинство за владеачките партии.

Бараат редефинирање на составот на сите комисии во согласност со новото владеачко мнозинство во кое ја нема БЕСА но ја има Алтернатива, и распоредување на новите пратеници и претседатели на комисии во согласност со договорот што партиите го постигнаа при конституирањето.

Комисијата за избори и именувања не е единствената која се соочува со нов баланс на политичките сили, но прашањето стана ургентно поради состојбата во Уставниот суд.

Претседателката Добрила Кацарска неколку пати апелира да се изберат судии за да може да се одлучува во целосен состав од девет судии.

Вчера ги нарече пратениците несериозни и потсети дека Судот функционира на раб на кворум и не е во можност да одлучува за витални прашања како што се Преспанскиот договор, Законот за јазиците , за високото образование или за социјалната заштита.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повторно гори кај Блаце, сообраќајот во прекин, затворен и граничниот премин

Дејан Дејан

Трамп со жестока критика на Путин и продолжување на помошта за Украина – Москва одговори со досега најжестоките напади

Дејан Дејан

ЕП го усвои Извештајот за Македонија на Томас Вајц

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе