Вести Македонија Топ вести

Богат сум и успешен, а поради тоа и кавга со неа, Катица Јанева ми отвори истрага- обвинетите за Поштенска банка сметаат дека противуставно се гонети

Социјалната состојба односно тоа што се богати е една од причините поради која тројцата обвинети во предметот „Поштенска банка“ сметаат дека се дискриминирани спротивно на Уставот на РС Македонија.

Покрај тоа, обвинетите бараат Уставниот суд да го поништи обвинението затоа што сметаат дека се дискриминирани и по основ на политичка припадност, односно политичко уверување.

Нивното барање до највисоката судска инстанца е заведено од Уставниот суд изминатите денови, а подносители на иницијативата се: Томе Главчев, Ратко Димитровски, Зоранчо Митровски преку адвокат Петро Јанура од Скопје.

Тие сметаат дека „се успешни стопанственици, а поднесувањето на обвинителниот акт против нив е сублимат на дискриминаторски дејствија по различни основи.“

Предметот Поштенска банка го отвори СЈО, а во него тројцата подносители заедно со уште 6-мина други се обвинети перење пари во вредност од над 9 милиони евра. Надлежен обвинител е Бурим Рустеми (кој беше во СЈО и ја водеше истрагата, а сега веќе е избран за Виш јавен обвинител).

Предметот се однесува на преземањето на Поштенска банка, а обвинетите се товарат дека земале кредити од банки, кои ги враќале со пари од новокупената банка во која имале акции, а потоа се ослободиле од акциите со тоа што ги дале како гаранција за земени кредити од Еуростандард банка. Кредитите не ги вратиле и така ги изгубиле акциите.

Според обвинителството, бизнисмените Ратко Димитровски (подоцна и градоначалник на Кочани) и Томе Главчев во период од 2001-ва до 2005-та ја презеле банката со кредити, кои после ги враќале со пари од преземената банка.

Обвинетиот Главчев се знаел со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и биле во крајно влошени односи поради што таа му отворила истрага со што го дискриминирала. Истрагата, обвинетите и подносители на иницијативата до Уставниот суд ја сметаат за вршење на притисок врз успешни бизнисмени бидејќи оценуваат дека обвинението е покренато надвор од законските рамки на Законот за кривична постапка.

Подносителите на иницијативата го спомнуваат и случајот Рекет во кој двајца од нив се сведоци и сметаат дека отворената истрага и покренатото обвинение е одмазда на обвинителството.

Дејан Митревски Урко и Ивона Талевска сведочеа на денешното рочиште за „Плацеви на Водно“

За примената иницијатива извести и Уставниот суд, а иницијативата е заведена под број У.бр.13/2022

Подносител: Томе Главчев,Ратко Димитровски,Зоранчо Митровски преку адвокат Петро Јанура од Скопје

Во барањето се оспорува Обвинителниот акт КО.бр.121/19 од 14.12.2020 од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Решение II КОК-ООА бр.60/2020 од 14.10.2020.  Според подносителите тие се во спротивност со членот 110 алинеја 3 од Уставот поради повреда на правото на забрана од дискриминација по основ на социјална припадност, односно имотната и општествената положба, во поглед на личен статус и во поглед на статус на сведок во судска постапка, како и по основ на политичка припадност, односно политичко уверување. Подносителите на ова барање наведуваат дека се успешни стопанственици, а поднесувањето на обвинителниот акт против нив е сублимат на дискриминаторски дејствија по различни основи.

Доколку иницијативата биде отфрлена или одбиена, тогаш подносителите ќе имаат право истите наводи да ги срочат во претставка пред Европскиот суд за човекови во Стразбур. Доколку пак иницијативата се прифати и се отфрли обвинението може да се создаде пракса, обвинителните акти да одат на „одобрување“ пред Уставен суд.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕП го усвои Извештајот за Македонија на Томас Вајц

Дејан Дејан

Изгаснат пожарот во Чучер-Сандево, се гасат уште седум други

Дејан Дејан

Европската комисија подготвена за сите сценарија околу американските царини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе