Вести Македонија Топ вести

Кому му одговара некомплетен Уставен суд?

Девет месеци  Уставниот суд работи во некомплетен состав. Минатиот јуни остана „покус“ за тројца судии, а пред два месеци за уште еден. Петмината преостанати судии за сега може да заседаваат и да носат одлуки, но чекаат комплетирање за да се соочат со покомплексни прашања како што се Преспанскиот договор, Законот за јазиците, за високото образование или за социјалната заштита. Претседателката Добрила Кацарска предупредува дека Судот функционира на граница на кворум.

Пред две недели, Кацарска побара ангажман и од спикерот Талат Џафери, но тој одговори дека Комисијата за избори и именувања се соочува со опструкции.

Опозицијата тврди дека таа не опструира. Седум членови на Комисијата побараа седница уште денеска.

Проблемот во Комисијата се засили по локалните избори, кога претседателот стана градоначалник, а БЕСА премина во опозиција. Со 7 спрема 6, власта го изгуби мнозинството за гласање. Владеачките партии сметаат дека имаат право на мнозинство во оваа комисија врз база на меѓупартискиот договор склучен при конститурирањето на Собранието.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе