На АТП турнирот во Акапулко, првиот фаворит Александер Зверев успеа да се пласира во второто коло, а најголемото изненадување го направи Американецот, Стефан Козлов.
Фаворитот број 1, потешко од очекувањата забележа победа во дуелот против Џенсон Бруксби. На Германецот за место во следната рунда му беа потребни три сета и скоро три пол часа минати на теренот.
Најголемото изненадување го направи 130-от играч на светот Козлов кој со 2:1 во сетови славеше над Григор Димитров. Седмиот носител Тејлор Фриц беше поуспешен од Адријан Манарино, а Пабло Карењо Буста забележа победа во дуелот против Оскар Оте.
Пласман во следната фаза обезбедија уште Душан Лајовиќ со елиминацијата на Себастијан Корда и Џон Изнер кој го совлада Фернандо Вердаско.