Вести Македонија

„Нема правда – нема мир“ за обвинетите во судскиот процес „Сончев град“ вели одбраната во последните завршни зборови пред пресуда

„Шарената револуција“ се пресели во кривичниот суд“. Со оваа парола адвокатот на обвинетиот Димитар Динговски ги почна завршните зборови во предметот „Топлик“ за продажба на државно земјиште за изградабата на „Сончев град“.

Тврди дека обвинетите и поранешни вработени во министерството за Транспорт и врски не ја злоупотребиле службената положба и не направиле штета од еден милион евра на буџетот. Барем такви докази не навел обвинителот Бурим Рустеми за обвинетиот Димитар Димовски, член на комисија за јавни наддавања.

Ако членовите на комисијата не избирале фирма која не ги исполнува условите, тогаш и претседателот на таа комисија не го прекршил законот. Барам така самиот ќе каже денеска во своја одбрана. Обвинетиот, Томе Ѓурчилов, побара слобода од судот.

Претходно и првобвинетиот, а поранешен министер за транспорт Миле Јанакиевски ја негираше вината и побара слобода, додека обвинителот Бурим Рустеми во завршните зборови го уверуваше судот дека обвиението за злоупотреба на служебната положба е докажано.

На изрекувањето пресуда на наредното рочиште, претходеа истрага и судски процес во период од 6 години. Патот до „Сончев град“ државата го проби, но израелската фирма иако според обвинението незаконски избрана не ја изгради елитната станбена населба.

Сега судот го има последниот збор за обвинетите кои се товарат за дело најмалку 4 години затвор, дали ќе ги ослободи или осуди со што ќе треба да платат или не на државата еден милион евра.

Изрекувањето на пресудата е закажано за 28-ми март во 12 часот.

Павле Беловски 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Огнот под контрола – над 60 пожари изгаснати

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе