Вести Македонија Најважни Свет

Македонија и регионот загрижени за одлуката на Путин да ги признае Донецк и Луганск

Со осуда на руското признавање на независноста на украинските региони Донецк и Луганск и со загриженост од можна економска криза, државите од регионот една по една се огласија за потегот кој синоќа го повлече рускиот претседател Владимир Путин што го вклучи црвеното светло низ цела Европа дека војната во Украина е се поблиску.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски го осуди потегот на Москва..

„Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина“, напиша Ковачевски на „твитер“.

Освен декларативната осуда од премиерот и македонската влада денеска усвои информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и го задолжи МНР да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на македонските членовите во Мисија на ОБСЕ во Украина.

Од Кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски, за Телма пак информираат дека засега не е планирана седница на Советот за безбедност околу можните влијанија и последици од украинската криза, при што се наведува дека земјава е континуирано активна во рамките на НАТО.

Во меѓувреме министерот за финанси, Фатмир Бесими, е првиот кој го подигна нивото на загриженост околу последиците од ескалацијата на состојбата меѓу Русија и Украина. Тој во интервју за МИА вели дека тоа може потенцијално да донесе влошување на европските пазари.

„Тоа зависи од импактот врз пазарите во Европа во делот на енергенсите, што веќе се почувствува. Може да биде полошо ако нешто се случи, ако ескалира ситуацијата и врз цените, имаме и едно и друго. Други ескалации, зависи во која насока ќе бидат импликациите, може да има евентуален недостаток на енергија, но тоа сега за сега останува шпекулативно сценарио“, изјави  Бесими за МИА.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, пак не очекува кризата во Украина да влијае врз снабдувањето со електиричната енергија во земјава, но очекува да влијае врз нејзината цена.

„Не очекуваме да има никакви рестрикции. За жал не можеме да влијаеме на цените на електричната енергија. Планот и проекциите, од страна на ЕСМ, но и од другите енергетски компании, е дека нема да имаме голема потреба од увоз во следните месеци, па затоа не верувам дека би имало големо влијание во конечната цена“, изјави Бектеши.

Освен во Македонија загриженост има и во другите земји од регионот.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, издал налог за повисок степен на  одготвеност на армијата, но и за анализи и конкретни акции за набавка на суровини и суштинска стока кои во услови на светска криза може да бидат дефицитарна. Црна Гора недвосмислено застана зад одлука за воведување санкции за Москва, давајќи недвосмислена поддршка за територијалниот интегритете на Украина, а таква е рекацијата и на Словенија. Официјална Љубљана освне што го оцени потегот на Москва за непријателско кршење на меѓународното право, предупреди дека тоа нема да остане без последици. Осуда стигна и од бугарскиот премиер и претседател Кирил Петков и Румен Радев, кои повикаа на почитување на меѓународното право, но засега без да се изјаснат околу санкции кон Русија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе