Вести Македонија

Изградбата на Универзална сала доцни поради грешки во документацијата?

Грешки во проектната документација и опасност по безбедноста на граѓаните. Вака градоначалничката Арсовска го  објасни доцнењето на реконструкцијата на Универзална сала. Според неа новопроектираните конструктивни елементи било предвидено да се постават врз трафостаница во рамки на постојниот објект за која постои проблем да се дислоцира, додава таа.

Во текот на месец август се изготвени записници и тоа со број 6, 7 и 8, од 10.08.2021, 17.08.2021 и 24.08.2021, каде се нотирани проблеми за постојните конструктивни елементи, незадоволувачки параметри на армирано-бетонската конструкција и незадоволително ниво на арматура во истата, при што се очекува извештај од ЗИМ за начин на санација или рушење на тие армирано-бетонски елементи, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на град Скопје

На 7-ми октомври минатата година е одржан состанок во Град Скопје на кој покрај претставници на фирмите проектант, изведувач и надзор на градежните активности присуствувале и тогашниот секретар на Град Скопје и секторски претставници кои заклучиле дека постојат сериозни технички проблеми и недостатоци во процесот на реконструкција на Универзална сала, за што е потребно да се направат измени во проектот.

Целиот проект е професионално сработен и безбеден, реагираат од СДСМ.

Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрување Град Скопје го има.  Пратен и одобрен и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот на изградбата ги има исто така одобрено сите градежни зафати. Не постои ниедна постапка или процедура за изградба на Универзална сала која не е запазена во целост.  Записници за технички решенија во тек на градба не се и не може „градежен безбедносен проблем“ да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска.

Подготовката на целата техничка документација  за реконструкција на Универзална сала е добиена како донација од студиото за проектирање „Мегарон Инженеринг. Градежните работи ги изведува фирмата „Универзал Балкан“.  Телма се обиде да стапи во контакт со „Мегарон Инженеринг“,  но не добивме одговор. За овој проект Владата лани издвои 120 милиони денари.

Нина Стефанова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе