Вести Македонија

Исечениот Ковачевски бил ненамерна грешка?!

Откако му остана само ракавот на сликата со Петков и Блинкен, јавноста се прашува дали се работи за непочитување на Петков кон Ковачевски со скандалозно ретуширање на фактите или за несмасен потег на неговиот пи ар тим? Премиерот сака да верува дека се работи за второто.

Официјално соопштение на прес-службата на бугарската влада нема. Оттаму единствено за Нова.бг изјавиле дека „кадрите се направени од фотографи на самиот форум, а доколку фотографијата била изменета, можеби тоа се случило ненамерно во прес-центарот на кабинетот”.

Целата фотографија првин ја објави Ковачевски на Фејсбук завчера и напиша дека имал срдечна средба со државниот секретар на САД Ентони Блинкен.  Веднаш потоа, бугарскиот премиер објави исечена верзија на сликата, од која Ковачевски мистериозно исчезна.Тоа што употребил дигитален скалпел, но не и фотошоп, па се гледа ракавот на Ковачевски, предизвика реакции и кај бугарската и кај македонската јавност дека Петков сака да си го присвои Блинкен.

Бугарскиот премиер денеска се обиде да ги смири реакциите со нова објава на фејсбук:

„Замислете како граѓаните на Република Бугарија и Република Северна Македонија уживаат меѓусебно почитување, почитување на нивните права и просперитет. Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме намерно и заедно да го постигнеме тоа. И на сите злонамерни земји можам само да им кажам: нема да не спречите!“

Но, и ова бугарската јавност го дочека со доза на хумор. „Следниот пат просто не го сечи од сликите и се` ќе биде во ред„.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе