Познати се полуфиналните двојки на турнирот во Делреј Бич, а на АТП турнирот во Рио де Жанеиро комплетирани се учесниците во четвртфиналето.
На турнирот во Делреј Бич познати се полуфиналните двојки. Првиот фаворит Камерон Нори беше поуспешен од Себастијан Корда, Реј Опелка славеше во соочувањето против Адријан Манарино, Томи Пол го елиминираше Стефан Козлов, а место меѓу четирите најдобри обезбеди и Џон Милман по триумфот над Григор Димитров.
Во Рио де Жанеиро, првиот фаворит Матео Беретини од Италија место меѓу осумте најдобри обезбеди откако по голема борба во меч што траеше 2 часа и 50 минути во три сета со 6:4, 6:7 и 6:3 го елиминираше домашниот тенисер Тијаго Монтеиро.
Противник во четврт-финалето ќе му биде Шпанецот, Карлос Алкараз кој забележа победа со 6:4 и 7:6 во соочувањето против Федерико Делбонис од Аргентина.