Останато Спорт

Холандска доминација во брзо лизгање

Трет златен медал, а вкупно четврти во Пекинг освои и Холанѓанката, Ирене Шутен, која триумфираше во брзо лизгање. Таа ја потврди доманицјата на Холанѓаните во овој спорт и за нив ова беше вкупно 12-ти медал од кој шест се златни. Со среброто се закити Ивани Блондин од Канада додека трета е Италијанката, Франческа Лолобриџида.

Во последната дисциплина во брзо лизгање на кратки патеки славеше Берт Свингс од Белгија кој пред четири години во Пјонгчанг беше сребрен. Втор низ целта мина Јае Вон Чунг од Јужна Кореа, а со бронзата се закити Американецот, Џо Мантија.

Нико Портеус му го донесе второто злато на Нов Зеланд на Игрите во Пекинг. Тој славеше во дисциплината half pipe и на крајот беше поуспешен од двојниот олимписки првак Дејвид Вајс од САД додека третото место му припадна на неговиот сонародник Алекс Фереира.

По седум европски злата, по една бронза и сребро на Олимписките игри, Швеѓаните конечно успеаа да стигнат до златниот медал во карлинг. Тие во финалето во возбудлива завршница успеаа да ја совладаат Велика Британија со 5:4. Бронзениот трофеј и припадна на Канада која беше поуспешна од селекцијата на САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе