На неполни 24 часа пред церемонијата на свеченото затворање, организаторите на Зимските олимписки игри соопштија дека бројот на гледачите на борилиштата е помал од очекуваното.
До овој момент на трибините биле присутни 97.000 гледачи што е за една третина помалку од очекуваните 150.000. Претседателот на организацискиот комитет истакна дека најголемиот проблем се строгите епидемиолошки правила кои важеа за посетителите и на трибините можеше да се влезе само со посебна покана од организаторот, а оние што имаа среќа да бидат повикани мораа да задоволат низа услови како што се примени две вакцини, негативни PCR тестови и да не го напуштале Пекинг во последниве 30 дена.
Патем тие мораа скоро секој ден да се пријавуваат за да може да се следи нивната здравствена состојба. Без присуство на гледачи се одржаа само натпреварите во алпско скијање, а поради пандемијата не беше дозволено гледачи од странство да допатуваат во Кина и да ги следат настапите на најдобрите спортисти.