Вести Македонија Топ вести

Кога Нефи Усеини ќе ја депонира најавената оставка ќе му престане комисискиот мандат да ја брани животната средина од загадувачите и уништувачите во Охрид. Локалните власти очекуваат наскоро

Иако Нефи Усеини, контроверзниот советник на ДУИ во општина Охрид (повеќе физички инциденти и иницденти со дивоградби), најави дека ќе поднесе оставка од позицијата во локалниот Совет, тој се уште официјално не ја доставил до локалните власти.

Поради тоа и неговото име се нашло во барабанот за членови на Комисии избрани од општинскиот совет, па Усеини добил места во две различни тела во охридската локална власт. Усеини е член на комисијата за заштита на животната средина и на статутарно-правната комисија.

Претставници на охридската самоуправа за Телма оценија дека најавената оставка на Усеини ќе се реализира многу бргу, по што на негово место во Советот ќе дојде наредниот кандидат на ДУИ кој што ќе ги преземе и членствата во комисиите.

Повеќе за улогата на Нефи Усеини во „заштитата“ на животната средина во наредниот текст.

Нефи Усеини и официјално ќе се грижи за заштита на животната средина во Охрид

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Жерновски го повика Костадинов да се повлече од делување надвор од партијата

Дејан Дејан

Процедурата за нов судија во Стразбур стои во Влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе