Штипјани втори ден не смеат да ја користат водата за пиење и готвење. Вода од чешмите тече и е само за техничка употреба. Директорот на штипското комунално претпријатие „Исар“, Трајче Здравков вели дека експерти од Словенија работата на прилагодување на системот за хлорирање, по приемот на водата од Хидросистемот „Злетовица“. Се очекува целата постапка да заврши во текот на викендот. Здравков појаснува дека со ова Штип ќе биде единствениот град, кој ќе го реши водоснабдувањето преку два системи.
На веб страницата на ЈП „Исар“-Штип објавени се локациите во населбите, каде ќе има цистерни со вода за пиење и готвење. Општинската организација на Црвениот крст од Штип ги повика граѓаните што се во изолација поради Ковид или спаѓаат во ранливите категории ако имаат потреба да се јават за да можаат волонтерите пред нивните домови да им донесат флаширана вода. Локалната власт бара разбирање од граѓаните, бидејќи со прилагодувањето на Филтер станицата градот Штип во наредните децении ќе нема проблеми со водоснабдувањето.
Викторија Јованова