Вести Свет

Стотици спасени од пожар на траект во близина на грчкиот остров Крф

Повеќе од 280 луѓе се евакуирани од траект во северозападна Грција, кој се запали во текот на ноќта додека се движеше кон јужна Италија.

Најмалку едно лице е полесно повредено за време на евакуацијата, а никој не е пријавен за исчезнат.

На траектот имало вкупно 290 лица, 239 патници и 51 член на екипажот, а грчките медиуми објавија дека постојат информации за околу десет исчезнати лица.

Фериботот патувал во Јонското Море во близина на малиот грчки остров Ереикуса. Спасените патници биле транспортирани на Крф.

Шест чамци од грчката крајбрежна стража и морнарица учествуваа во спасувањето заедно со четири хеликоптери, еден брод за италијанска царинска инспекција и неколку пловила што минувале.

Според сведоштвата на патниците за грчките медиуми, капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на крајбрежните служби. Причината за пожарот на траектот засега не е позната.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност предлага УНЕСКО- властите да преземат итни чекори

Дејан Дејан

Силјановска – Давкова: амандманите излобиран од бугарски европратеници се показател дека ЕУ има сериозен проблем со демократијата

Дејан Дејан

Европратениците дебатираат за извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе