Вести Ковид19 Македонија Најважни

Започна скринингот во скопските училишта, согласност дале 5000 родители

Ученици кои чекаат ред и нивни школски другари кои со дадена согласност од родителите влегуваат на тестирање.

Ваква беше денешната слика во училиштето „ Блаже Конески“, во скопската населба Аеродром, каде почна скринингот на учениците од 1 до 9 одделение, за откривање на асимтоматски носители или инфицирани со корона вирус. Родителите велат дека е добро да се искористи можноста за проверка на здравствената состојба на нивните деца, за да се создаде реална слика за евентуалните заболени.

 “Треба да ја искористат таа можност родителите кога државата ја дава таа можност да се тестираат децата и сепак да ја видиме вистинската состојба каква што е во училиштата, без при тоа да дозволиме да се манипулира со бројките” – ни рече мајка која се согласила да бидат тестирани двете нејзини деца.

Скринингот во училиштето „ Блаже Конески“, го вршеше екипа од Центарот за јавно здравје.

Таа е една од двете екипи кои денеска правеа скриниг на учениците, во ова и во училиштето „ Гоце Делчев“, во Горно Лисиче.

Брисевите кои ги земаа од учениците ќе ја покажат најновата слика за трансмисијата на Ковид-19, по загрижувачкиот раст, изминатите денови.

“Да се види состојбата како е во училиштата и според резултатите , според добиените информации од тоа што ние ќе го направиме како скрининг , да се превземат мерки како соодветен одговор на резултатите| – вели медицинскиот техничар, во ЦЈЗ, Денис Јанкуловски.

18 % од родителите на учениците во „ Блаже Конески“, дале согласност за скрининг. Во училиштето „ Јан Амос Коменски“, во Карпош изнесува 1/3 , а во „ Киро Глигоров“- 20%.

“Родителите се информирани на 16 февруари , веднаш кога го добивме дописот од МОН и денеска до 10 часот имаме собрано написмено вкупно 115 согласности од родителите” – потврди директорката на ОУ “Киро Глигоров”, Билјана Билбиловска.

Од Министерството за здравство велат дека за првата фаза од скринингот, што ги опфаќа скопските основни училишта, собрале 5000 потврди за согласност од родителите. Скринингот продолжува во понеделник.

По есенскиот, ова е втор скрининг во училиштата. Тој не ги опфаќа средношколците зашто според Комисијата за заштита од заразни болести таму ситуацијата е стабилна.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе