Избувна пожар во резиденцијата на Хрватската амбасада во центарот на Белград, Србија. Амбасадата е сместена во населбата Сењак, а во моментов на терен се потивпожарникарските екипи.
Амбасадорот на Хрватска во Србија Хидајет Бишчевиќ за српските медиуми рече дека во резиденцијата немало никој во текот на пожарот.
Како што дознава српски „Блиц“, пламените јазици ја зафаќаат целата зграда. На терен има пожарникари кои се борат со стихијата. Засега нема информации за повредени.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.