Вести Македонија

Груби: Владата нема именувано генерален конзул во Њујорк

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците денеска изјави дека нема никаква одлука и Владата нема именувано генерален конзул во Њујорк.

– Нема никаква одлука, не е точна информацијата. Значи нема именувано генерален конзул во Њујорк, и си продолжува генералниот козул којшто е досега на задача во Њујорк.Така да, нема ништо вистина во тоа, рече Груби.

На новинарското прашање дали може да потврди дека предлогот за генерален конзул за САД кој беше предложен пред два дена денеска на затворена седница е повлечен, Груби рече дека е погрешна информацијата и ги упати новинарите на денешното објавено соопштение на Министерството за надворешни работи во врска со ова прашање.

– Не, грешка ви е информацијата. Значи, имате информација од МНР, си продолжува генералниот конзул којшто е именуван, не знам ни кое е лицето да ви кажам искрено коешто си ја врши работата, и ќе си продолжи да си ја врши работата и понатаму, рече Груби.

Претходно денеска Министерството за надворешни работи излезе со реакција во врска со објавите за испраќање конзул во Њујорк, во која велат дека Република Северна Македонија во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев.

–Би сакале да реагираме на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, се наведува во соопштението на МНР.

Од МНР потенцираат дека Панев е дипломат од кариера, кој е избран согласно сите законски прописи, а во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе