Вести Македонија

Предмет “Топлик”: Миле Јанакиески тврди ќе докаже дека е невин, обвинителот Рустеми бара затвор и за него и за останатите обвинети

Во 6 часа долгото излагање во завршниот збор за случајот “Топлик” поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески рече дека е сигурен во неговата невиност и дека прифаќањето на вина во случајот „Титаник“ го смета за висок морален чин.

-Апсурд е тврдењето дека во 2007 година сме се организирале да напраивме дело знаејќи дека ќе настанат штети во 2013 година. Замислете, уште во 2007 сме знаеле дека правобранителството ќе постигне спогодба и ќе бидат исплатени средства во име на законска затезна камата што обвинителството го смета за штета. Да ја имав таа моќ, уште во 2007 година да предвидам се што ми се случува сега, ќе си поднесев оставка уште тогаш и никогаш немаше да се занимавам со политика, изјави Јанакиески.

Претходно обвинителот Бурим Рустеми побара
ефективни казни затвор за сите обвинети во случајот „Топлик“, меѓу кои и за Миле Јанакиески. Предметот “Топлик” беше отворен од поранешното СЈО, а се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште.

-Предлагам судот обвинетите да ги огласи за виновни и казни според законот при што да ги цени сите околности од чл. 39 од КЗ. Па, како отежнителни околности да го цени степенот на кривичната одговорност, јачината на загрозувањето и повредата на заштитеното добро како и последицата од делото, околностите под кои е сторено делото, степенот на кривичната одговорност, фактот дека истите континуирано се обидуваат во целост да ја избегнат кривичната одговорност, а со тоа и да се соочат со последиците од делото кое го сториле, истакна обвинителот Рустеми.

Адвокатот од одбраната на обвинетите Дончо Наков истакна како е јасно дека во овој случај нема побарување за штета кон државниот буџет.

:-Денеска на завршните зборови никој не пријави штета ни по висина. Државниот правобранител не побара. Не може обвинител да бара штета. Тој презеде улога на оштетен надвор од овластувањата- тврдеше Наков.

Според обвинението, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе