Вести Култура

Поединци се обидувале да ги злоупотребат конкурсите на Министерството за култура

Одобрените проекти од национален интерес во културата, годинава ќе бидат буџетирани со вкупно 1 милијарда и 53 милиони денари, што е за 66 милиони денари повеќе од лани. Приоритет е даден на живата култура, најмногу сретства добиле проектите од музичката, издавачката и драмската дејност, а подржани се и млади автори, лица со посебни потреби и апликанти кои до сега не користеле сретства од Министерството за култура. Презентирајќи ги резултатите од конкурсите по области и активности, кои за прв пат беа спроведени електронски, министерката за култура кажа дека пристигнале 3.769 валидни пријави, но дел од подносителите не се придржувале кон условите на конкурсот, третирајќи го како бизнис.

Непочитувањето на условите од конкурсот за аплицирање за проекти во најмногу две дејности, автоматски им ги отфрли проектите во сите дејности во кои аплицирале. Комисиите во своите извештаи посочуваат на повторување на старите манири на дел од апликантите. Од барање безобзирно високи суми до конкурирање со стари, реализирани или веќе подржани проекти од Министерството за култура.Пријави од лица кои не се наши државјани, до потписи на починати лица или на лица кои воопшто не знаеле дека се предложени во конкретен проект, вели министерката Костадиновска-Стојчевска.

Сумата за подршка на проектите на националните установи изнесува над 24 милиони денари, а за заштитата на културното наследство над 80 милиони денари. Министерката за култура не криеше дека имало притисоци од разни страни за добивање средства за проекти.

На притисоците одолеавме, реакции ќе има, порача министерката.

А, во врска со реакцијата на Синдикатот за култура за неисплатени дел од јануарските плати, согласно измените на Законот за работни односи за недела неработен ден, министерката кажа дека исплатата ќе оди во фази и ќе зависи од динамиката на анализите кои сега се прават заедно со МТСП и другите надлежни институции.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе