Вести Македонија

МЕПСО: Заштитата ја исклучи трафостаницата „Скопје4“ за 2,5 секунди

МЕПСО денеска преку соопштение информираше како функционирале заштитните системи при испадот кој се случи во неделата кога речиси цело Скопје, Велес, Свети Николе и делови од Штип останаа без струја безмалку еден час.

Од МЕПСО појаснуваат дека по настанатиот дефект се активирале заштитните системи и тоа за 0,9 секунди на околните 110 киловолтни трафостаници а за 2,5 секунди била исклучена од мрежа целата трафостаница „Скопје 4“.

Сепак при активирањето на заштитата имало грешка и биле исклучени сите потрошувачи од струја наместо само оние кои биле поврзани на далнводот кој беше во дефект во овој случај „Скопје 4 – Бунарџик“.

До прекин со напојување на поголем дел од градот Скопје, дојде како резултат на исклучување на двата енергетски трансформатори во трансформаторската станица “Скопје 4”, како последица на дефект кој се појави на изолаторска верига на 110 kV далекувод кој ја напојува трафостаницата “Бунарџик” преку трансформаторската станица “Скопје 4”. Во оваа прилика појаснуваме дека во нормални услови кога настанува дефект на далекувод,  за изолирање на настанатата грешка, заштитата и прекинувачот го исклучуваат далекуводот на кој се појавува дефектот, со што без напојување остануваат само потрошувачите кои се врзани на трафостаницата напојувана од конкретниот далекувод.

Во неделата, во моментот на дефектот, поради грешка во секундарните кругови за напојување на опремата во ТС “Скопје 4”, се случи неселективност и за само 0.9 секунди проработија системските заштити во околните трафостаници на 110 kV напонско ниво а за 2,5 секунди се активираа заштитите на 400/110 kV трансформатори во ТС “Скопје 4”. На овој начин се дава налог до прекинувачите да ги исклучат двата енергетски 400/110kV трансформатори, преку кои се напојува најголем дел од Скопје и околината. Во согласност со процедурата при дефект, дежурните екипи од АД МЕПСО веднаш извршија проверки и прегледи во ТС “Скопје 4”, и во координација со Националниот Диспечерски центар при АД МЕПСО, започнаа постапка за вклучување на елементите од мрежата. Со напорна работа тие успеаја за еден час да воспостават напонска состојба и да се нормализира напојувањето на градот и околината“, соти во соопштението на МЕПСО.

Од компанијата додаваат дека работната група сеуште ги обработува податоците и што ќе има прелиминарни информации или резултати ќе ги објави во јавност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе