Инцидент се случи денеска во Струмица, при интервенцијата на полицијата за сузбивање на нелегалната продажба на текстил во градот во која учествувала и пазарната инспекција.
На видеото објавено на социјалните мрежи е снимена кавгата меѓу продавачите и полицајците, при што тие успеваат да ја извадат својата стока од полициското возило и трчаат низ булеварот.
Според МВР станува збор за редовна акција која е резултат на одлуката на локалниот совет.
„Во координација со Државниот пазарен инспекторат се спроведе акција на булевар ‘Маршал Тито’ во Струмица, при што била одземена текстилна стока од таквите диви продавачи на текстил.Но групата продавачи презеле дејствија со цел насилно да ја одземат стоката. Секторот за внатрешни работи Струмица презеде мерки за утврдување на идентитетот на сите лица учесници во настанот и против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради кривично дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, соопшти МВР.
Инцидент со полицијата во Струмица pic.twitter.com/0DDz6WqXKh
— Курир (@KurirMK) February 16, 2022