Вести Македонија

Ковачевски и Мицкоски бараат Џафери веднаш да ја свика Комисијата за избори и именувања

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски и Мицкоски бараат собранискиот спикер Талат Џафери веднаш да ја свика Комисијата за избори и именувања, а пратениците да постигнат консензус за учеството на партиите во работните тела. Заминувањето на БЕСА во опозиција и доаѓањето на Алтернатива на власт „ги измеша лончињата“. Власта изгуби мнозинство во 7 од вкупно 22 комисиии, вклучувајќи ја Комисијата за избори и именувања додека опозицијата го изгуби претседателското место во труд и социјална политка каде претседателот е од Алтернатива.

СДСМ го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за опструкција, а тие пак власта за злоупотреба на деловничките процедури.

Од Кабинетот на Џафери не добивме одговор кога собрансикиот спикер планира да ја закаже Комисијата за избори и именувања, и дали има напредок кај партиите за деблокада. Пред неколку недели тој соопшти дека не може да закаже седница затоа што има опструкции и изигрување на процедурите. Комисијата не одржала седница повеќе од половина година. Од ова работно тело зависи изборот на четворица уставни судии, на членови на советот на МРТВ, Агенцијата за медиуми и други.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе