Градоначалникот на Општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски обвини дека на општината ѝ се намелени дотациите и трансферите во однос на детските градинки и образованието за 20 милиони денари и тоа при зголемени буџети на Министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика. Муцунски во вечерашното гостување во Топ Тема побараа истите да се вратат барем на ниво од претходната година.
Јас работам за граѓаните кои што не гласале за мене, и тие кои што гласале за мене, и тие кои што одлучиле да не гласаат, и тука колективен е интересот. Паралелно со тоа, јас ќе кажам со што се соочувам, дотациите и трансферите за градинки и за образование на општина Аеродром за оваа година ѝ се намалени за 20 милиони денари, при зголемен буџет на Министерството за образование и наука и зголемен буџет на Министерството за труд и социјална политика, и сега имам огромни трошоци во делот на струја, енормни, а таму каде што треба најмногу да инвестираме, тоа што е најбитно, градинките и образовниот процес на дечињата, таму имаме намален буџет од централната власт, рече тој.
Муцунски ја повика централната власт да седнат на маса и разговараат за враќање на дотациите, но и како да се пронајде начин да им се помогне на општините со зголемените сметки за струјата, бидејќи тие немаат целосна фискална децентрализација како централната власт.