Сердар Бердимухамедов, син на претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов и заменик-претседател на Советот на министри, стана кандидат за претседател на изборите што ќе се одржат на 12 март годинава.
На состанокот на Националниот совет на Туркменистан беше одлучено во сабота на 12 март да се одржат предвремени претседателски избори во согласност со член 81 од Уставот на Туркменистан и член 86 од Изборниот закон на Туркменистан.
На 9-тиот вонреден конгрес на владејачката Демократска партија на Туркменистан, членовите на партијата го предложија Сердар Бердимухамедов како кандидат за претседател.
Заблагодарувајќи им се на членовите на конгресот, Сердар Бердимухамедов рече: „Ако бидам избран за претседател, можам да ве уверам дека ќе работам за нашата земја, врз основа на наследството и принципите на нашите предци и за народот на нашата земја. Мојата главна цел е да ја развивам нашата држава и нашиот народ да води просперитетен живот“.