Јелена Пидубна, е жител на градот Мариупољ, кој се наоѓа на брегот на Азовско Море во Доњецката Област во Украина.
Исплашена за својата и безбедноста на своето семејство, таа беше дел од обуката која ја понудија припадниците на украинската единица на специјалните сили кои го учат населението од овој град како да ракуваат со оружје.
Целта е да знаат да се одбранат во случај на руската инвазија.
Но, младата мајка на вежбата го донесе и своето мало дете, за кое смета дека од мали нозе треба да знае за војната.
“Зошто дојдов со син ми ? Сакам да биде свесен за се, сакам да знае да прави се” – изјави Јелена Пидубна..
И 79-годишната Валентина вели дека сака да знае да се одбрани со оружје.
“Подготвена сум да пукам, ако нешто се случи, подготвена сум да го баранам мојот дом, мојот град, моите деца. Ќе го сторам тоа, бидејќи знам дека сум подготвена. Не сакам да ја загубам мојата земја и мојот град” – вели Валентина Константиновска.
За украинските специјалци тоа не е проблем. Согласни се да ги научат и младите и старите како да расклопат пушка, како да ја наполнат со муниција и да нишанат.
Војниците сметаат дека ова е правилен потег, бидејќи ако Русите ги нападнат Киев, Одеса и Мариупољ, тогаш граѓаните ќе мора да знаат да се одбранат. Знаат дека Западот им помага, но не сакаат да чекаат ако ситуацијата ескалира.
“Препознавам дека постои голема опасност за инвазија затоа што имаме многу локални сигнали за тоа. Имаме многу индикатори. А за Русите е многу добра можност да ги уништат НАТО силите, НАТО сојузниците, без НАТО да сен вмеша во војната. Бидејќи Украина не е дел од Алијансата. Ние сме добри пријатели со нив, но не сме дел од Алијансата” – вели Кирило Беркал од украинските специјалци.
Во меѓувреме, странците кои сакаат да ја напуштата Украина брзаат да купат авионски карти, кои на дневно ниво стануваат се поскапи.
За украинските војници бегањето од нивната земја на странците е добра одлука, бидејќи ситуацијата на терен според нив станува се поопасна.
Алиса Шутиноска