Вести Свет

Украина побара итни разговори со Русија во наредните 48 часа за смирување на тензиите

Украина побара итен состанок со Русија и други членки на ОБСЕ во наредните 48 часа околу ескалирањето на тензиите на својата граница.

Украина тврди дека Русија го игнорирала формалното барање на официјален Киев да го објасни распоредувањето на своите трупи на границата меѓу двете земји.

“Како прво, одговорот ан Русија не ги содржи информациите кои Украина ги бараше, наместо тоа Русија без основа ја обвинува Украина.

Второ, Русија ја формулираше пораката на начин кој нема никаква врска со договорот од Виена. На овој начин, Русија ја избегнува одговорноста за својата воена активност во близина на нашите граници и ја префрла вината врз Украина” – вели Олег Николенко, портпаролот на украинското министерство за надворешни работи.

Не запираат и дипломатските обиди за деескалирање на кризата. Германскиот канцелар, Олаф Шолц, денеска е во Киев а утре во Москва, на разговори со Зеленски и Путин.

Шолц предупреди дека руските власти ќе платат висока цена доколку ја нападнат Украина, но одбивањето на неговата влада да достави смртоносно оружје за властите во Киев, наидоа на критики во дел од германската јавноста и западните сојузници.

Шолц директно не сакаше и да каже дали неговата земја ќе се откаже од Северен поток 2, гасоводот кој треба да достави руски гас до германските корисници и во чија изградба се инвестирани 11 милијарди долари.

“Колебањето на Олаф Шолц природно доведе до ситуација која навистина не знаеме што всушност сакаат Германците. Во поглед на Северен Поток 2, мислам дека требаше да има јасна изјава. Ако има воена интервенција, тогаш Северен Поток 2 пропаѓа, нема да почне со работа. Немаше изјава, туку ја даде Џон Бајден. Секако, чудно е дека американски претседател носи одлука за проектот во кој американците не се директно инволвирани, проект кој го водат Европејци, особено Германците и Русите” – вели Маркус Зајнер, соработник на германскиот Маршалов фонд.

Русија постојано ги демантира обвинувањата дека има планови за инвазија на Украина и покрај распоредувањето на над 130 000 припадници на својата армија блиску до границата.

Но, од друга страна, САД тврдат дека официјална Москва би можела во секој миг да започне со воздушно бомбардирање на цели во Украина и над 12 земји ги повикаа своите граѓани да ја напуштат оваа земја.

Драматичните најави за неизбежна руска инвазија имаат и сериозни економски последици.

Откако Холандската авиокомпанија КЛМ соопшти дека ги прекинува сите летови кон Украина а слична одлука најави и германската Луфтханза, украинската влада најави зголемување на финансирањето на авиокомпаниите во обид да го зачува својот воздушен простор, отворен за комерцијални летови.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе