Лос Анџелес Ремс е втората екипа во историјата на НФЛ, која успеа да ја освои шампионската титула откако на домашен терен во решавачкиот меч за трофејот успеа да забележи победа.
Со тачдаунот забележан на 90 секунди пред крајот тимот од Лос Анџелес успеа да ја обезбеди решавачката предност во мечот и на крајот успеа да го совлада Синсинати со 23:20 и по втор пат во историјата да се радува на триумф во Супер боул.
Претходно Ремс беа шампиони во 1999 година кога тимот настапуваше во Сент Луис. Клучниот тачдаун на натпреварот го забележа Купер Кап кој на крајот беше прогласен за најкорисен играч на 56-тото издание на Супер боул и ја потврди доминацијата во текот на сезомата откако пред една недела беше прогласен за МВП на првенството.
Тренерот на победничката екипа Шон МекВеј со 36-години стана најмладиот тренер кој успеал да го освои трофејот Винс Ломбарди.