Вести Македонија Најважни

Дефект на изолатор го предизвика пожарот во Пинтија, но зошто гореше далноводот во Бунарџик?

Дефект на изолатор на далноводот во Пинтија и искрење најверојатно поради влагата во воздухот се причина за пожарот поради кој речиси цело Скопје, Велес, Свети Николе и делови од Штип вчера поминаа безмалку еден час во целосен мрак.

Од МЕПСО ја детектираа причината за пожарот но засега нема одговор зошто навремено не реагирала заштитата во трафостаниците „Скопје 4“ во Пинтија и Бунарџик кога се појавил високиот напон и големата количина струја и со тоа да се спречи дефектот во изолаторот на далноводот како и испадот на далноводот кај Бунарџик.

Факт е дека дефектот во Бунарџик се јавува неколку минути подоца што укажува дека постоела голема количина на струја и по испадот на изолаторот во Пинтија.

Според информациите на Телма, клучно е да се утврди дали реагирала автоматската заштита или пак собирната заштита во трафостаницта „Скопје 4“ што ќе даде јасна слика за функционалноста на системот за заштита и дали има пропусти во реконструкцијата на 400 киловантана трафостаница во Пинтија која чинеше околу 6 милиони евра.

Директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани, потврди дека куса врска е причина за дефектот на изолаторот и затоа пожарот бил под далноводот кој бил во дефект. Колку била јачината на напонот во моментот на дефектот не е познато. Напонот го активирал прекинувачот во трафостаницата „Скопје 4“  како и вградената заштита во двете трафостаници.

 „ Од дефектот исклучува прекинувач во трафостаница „Скопје4“ (Пинтија), на далноводот. Во исто време реагира заштитата на трансформаторите, од кои на 110 киловатно напонско ниво се напојуваат сите 110 киловатни трансформатоски станици во Скопје, а со тоа и цело Скопје. Новата дигитална заштита е поосетлива и може да кажеме дека ова беше тест за нејзино брзо реагирање, секако ќе треба да се преподесат одредени заштити за подбра селективност“ – тврди директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани.

Премиерот Ковачевски, соопшти дека МЕПСО и МВР работат на утврдување на причините.

Скопје потона во мрак вчера околу 17.30 часот а снабдувањето беше нормализирано речиси еден час подоцна.

Тимови на МЕПСО го остранија дефектот на далноводот кај Бунарџик нешто по 3 часот наутро кога се врати напојувањето во Бунарџик и индустриската зона. Директорот на МЕПСО Рамадани соопшти дека формирал работна група која треба да испита детално и да изготви извештај за тоа како се случил дефектот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе