Вести Македонија

Загрижувачки резултати – Ниту половина од децата во второ одделение имаат основни вештини за читање

Загрижувачки резултати од Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на Државниот завод за статистика податоци за учењето во раните одделенија и учество на родителите.

Според  резултатите од истражувањето кое се спроведувало во 2018 и 2019 година, едвај  45 проценти од децата во второ одделение имаат основни вештини за читање, односно можат правилно да прочитаат 90 проценти од зборовите во расказот, да одговорат на три прашања за буквални значења и две прашања за изведени значења.

Истовремено, 68 проценти од децата на оваа возраст успеале правилно да ги прочитаат зборовите, но само половина од нив точно одговориле на прашањата за изведени значења.

Уште позагрижувачка е состојбаат со математичките проблеми.

Само 26 проценти од децата во второ и трето одделение имаат основни вештини со броеви – читање и разликување броеви, собирање, и препознавање и дополнување на шеми.

68 проценти успешно разликуваат броеви, но само 41 процент успеале во задачите за собирање и препознавање и дополнување на шеми.

Околу 60 проценти од децата на возраст меѓу 7 и 14 години имаат три или повеќе книги за читање дома, со значителни разлики помеѓу децата од најбогатите и најсиромашните квинтили – 96 проценти во споредба со 18 проценти

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе